Мечеви од Англија, Италија, Германија и Шпанија се дел од 15-тото коло на Спортска прогноза, а според досегашните дадени типови, можно е да нема ниту една победа на гостите. Во Премиер лигата ќе се играат два дерби-дуела, а над 70 отсто очекуваат Ливерпул на „Енфилд роуд“ да слави против Челзи. Тоа е мечот со кој ќе започнат возбудувањата на Спортска прогноза, во сабота од 13:30 часот.
Второто големо дерби ќе се игра во Лондон, каде што Арсенал му е домаќин на Манчестер јунајтед. Црвените ѓаволи имаат осум победи по ред, но овојпат ја немаат фаворитската улога. Според досегашните прогнози, над 50 отсто очекуваат Топчиите да победат.
Ако се видат досегашните прогнози, само на две од 13-те средби кои се дел од Спортска прогноза гостите имаат улога на фаворити. Дека Бетис ќе го победи Еспањол во Барселона, очекуваат 50 отсто, а 40 отсто е Осасуна да се радува кај Елче. На сите останати дуели, под 30 отсто им се шансите за гостинските екипи.
Како и во секое коло така и сега, привлечни се подароците кои се даваат на најдобрите прогнозери. За максимални 13, односно Среќна-13-ка, махерот ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт Тв самсунг 55” 4K, Xiaomi Електричен тротинет, X Box Series X). За 12 погодени следува вредносен ваучер од Sport Life во износ од 1.000 денари, а за 11 погодени подарокот е ваучер од 500 денари.