Ѕвездата на ПСЖ, Лионел Меси, се врати на тренинзите на тимот откако минатата недела заработи 14-дневна суспензија поради неговиот пат во Саудиска Арабија.
ПСЖ одлучи да го казни Меси бидејќи минатата недела заминал за Ријад да потпише спонзорски договори, и тоа без дозвола од клубот, но откако денеска се појави информацијата дека Аргентинецот се договорил со најтрофејниот тим од Саудиска Арабија, Ал-Хилал, челниците на Светците се премислија и му ја укинаа суспензијата.
ПСЖ на социјалните мрежи објави фотографија од Меси како тренира под која напишаа:
„Лео Меси се врати на тренинзите во понеделник“.
https://twitter.com/PSG_English/status/1655530957527568384?s=20
Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од сезоната, а речиси сите релевантни медиуми објавија дека Аргентинецот одлучил да си замине од Париз.