Само пет меча, а носат квота дури од 60

Петте меча кои денеска се дел од Квотите на денот доколку се одиграат заедно на еден тикет, носат вкупен коефициент од 60.74, што секако е примамливо.

Лече и Удинезе треба да одиграат натпревар со погодоци во двете полувремиња, но да нема повеќе од три гола. За оваа игра да биде добитна, квотата е 2.30.

Борусија Дортмунд ќе тргне офанзивно на гостувањето во Бохум затоа што Милионерите се лидери во Бундеслигата и ќе се обидат да останат таму и по ова коло. Гостите да погодуваат во двете полувремиња, но максимум трипати носи квота од 2.25.

Во Белгија, Гент треба да го искористи домашниот терен и да победи против Вестерло во дуел на кој ќе има од два до пет погодоци, што носи коефициент од 2.10.

Лион е фаворит на гости кај Стразбур и треба да освои најмалку еден бод, односно да одигра Х2 во средба на која повеќе погодоци треба да бидат постигнати во второто полувреме. Оваа интересна комбинација носи одлична квота од 2.60.

Во Ирска се очекува домаќинот да се радува на натпреварот Шемрок – Слајго роверс. За играта 1& 1+I&1+II квотата е 2.15.

- Оглас -

Најнови вести