Само Победа потфрли од домаќините во 23-тото коло во ПМФЛ

Актуелниот национален шампион Шкендија со минимални 1-0 го совлада тимот на Работнички во дербито од 23-тото коло во Првата македонска фудбалска лига. Погодокот на Жуниор во 54-тата минута беше доволен за тетовскиот состав да слави против „романтичарите“, па со вкупно 15-тата победа сезонава стигнаа до 50 бода.

Вардар со идентичен резултат (1-0) беше подобар од Шкупи во скопското дерби. „Црвено-црните“ до трите бода стигнаа по голот на Дарко Мицевски од белата точка, кој го постигна во 20-тата минута.

Вардар го одржа ритамот со Академија Пандев, и по ова коло се со идентичен број на бодови, по 42, бидејќи екипата од Струмица на домашен терен победи со 2-0 против Силекс, со двата гола на Дориев во 22-тата и 55-тата минута.

Триумф со конечни 2-1 забележа Македонија Ѓорче Петров против Беласица. Со погодоците на Тантуровски во 10-тата минута и Божиновски во 76-тата минута ги осигураа трите бода на „лавовите“, додека почесниот гол за гостите го постигна Ѓоргиев во 84-тата минута. Македонија Ѓ.П. по ова коло ја избегна опасната зона, сега имаат 26 бода, два повеќе од Силекс.

Ренова ја оствари единствената гостинска победа, славеше на теренот од Победа со конечни 3-2. „Гипсарите“ имаа удобна предност по првиот дел со головите на Мустафов во 16-тата, односно 18-тата минута. Танушев во два наврати ја затресе мрежата на тимот од Тетово, но погодокот на Стојановски во 57-та минута се покажа како одлучувачки во овој дуел.

Резултати ПМФЛ 23-то коло: Шкендија 1-0 Работнички, Вардар 1-0 Шкупи, Академија Пандев 2-0 Силекс, Македонија Ѓ.П. 2-1 Беласица, Победа 2-3 Ренова.

- Оглас -

Најнови вести