Само победа против Грузија го враќа сонот на Пандев за убав крај на кариерата со настап на ЕП

Горан Пандев е играчот од кого очекуваме да нè поведе во клучната битка за историски пласман на Европското првенство утре против Грузија, во нокаут-меч од 18 часот во Тбилиси, што одлучува која селекција за првпат ќе игра на големо натпреварување.

„Поголема мотивација од пласман на Европско првенство нема. Треба да бидеме смирени, трпеливи и да одиграме како што знаеме. Искрено, не спијам нормално од мечот со Косово, па и за мене и за сите би било големо олеснување да победиме. Нема човек во Македонија што не се надева на историски успех и знам колкава радост ќе донесе евентуален успех. Посакувам и за соиграчите да победиме, бидејќи со нивниот однос, игра и карактер заслужија настап на големо натпреварување. За мене ќе биде круна на кариерата. Имаме квалитет, иако неочекувано наидовме на проблеми со тројца-четворица отсустни играчи. Немам своја посебна тактика за мотивација, за тоа се задолжени три-четири дежурни маскоти во тимот, секако ова го велам во позитивна смисла. Знам дека можеме да победиме и од сè срце посакувам тоа да го сториме утре за сите нас, за сите вас, за сите навивачи и обични луѓе во Македонија“, вели Пандев.

Мечот се игра утре од 18 часот на стадионот „Борис Паичаѕе“ во Тбилиси.

- Оглас -

Најнови вести