Само половина прогнозери веруваат во победа на ПСЖ над Марсеј

Петтата сезона на Спортска прогноза е во полн ек, викендов се играат натпреварите од 20-тото коло, во понудата се 13 интересни дуели, а за дел од нив, мнозинството прогнозери веќе оформи доминатно мислење и имаат фаворити.

За победа на Манчестер јунајтед против Њукасл во финалето на Лига купот по 90-те регуларни минути се изјасниле 76,5 отсто од играчите, а на Њукасл му веруваат само 6,3 проценти.

Победа на Челзи над Тотенхем во лондонското дерби очекуваат само околу една четвртина од прогнозерите, а дерби има и во Франција, каде што Марсеј го пречекува Пари Сен Жермен. Точно половина од прогнозерите типувале за триумф на Светците, а останатите 50 отсто се речиси подеднакво распределени за триумф на домашните и реми.

Типувањето за ова коло трае до утре, сабота (25 февруари), во 15.30 часот.

Со 13 погодени прогнози сами бирате една од трите главни премии кои ги нуди Sport Life, а тоа се Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, и X Box Series X.

За 12 погодени се добива ваучер од 1.000 денари, а со 11-ка ваучерот е 500 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести