13.8 C
Skopje
недела, 9 ноември 2025

Само Реал Мадрид може да го спречи Чаби Алонсо да се седне на клупата на Ливерпул

Јирген Клоп на крајот од сезоната по девет години ќе си замине од Ливерпул, а управата на Ливерпул се надева дека ќе успее да се договори со Чаби Алонсо да ги води Црвените до следната сезона, а сметките може да им ги помрси само Реал Мадрид.

Наводно, актуелниот тренер на Баер Леверкузен ја одбил понудата од Баерн Минхен тешка 20 милиони фунти по сезона и сака да се врати на „Енфилд“.

Но, според „Атлетик“, преселбата на Алонсо во Ливерпул може да ја спречи само Реал Мадрид.

Кралевие имаат договор со Карло Анчелоти до 2026 година и управата на Кралевите го убедува Чаби Алонсо да остане уште една сезона во Баер Леверкузен и да почека Анчелоти да си замине од клупата на Реал.

Наводно, доколку Реал Мадрид идната сезона не ја освои титулата во Лигата на шампионите, Анчелоти може да добие отказ и Алонсо во тој случај ќе биде прв избор за наследник на Италијанецот.

- Оглас -

Најнови вести