Маурицио Сари вчера беше претставен како нов тренер на Јувентус. Главната цел на најтрофејниот италијански клуб останува иста. Да се освои првенството во Серија А, но и да се стигне до европската титула, која ја чекаат повеќе од две децении.
Сари стави потпис на тригодишен договор со Јувентус, но еден дел од договорот воопшто не му се допаднал. Искусниот 60-годишен стратег треба да се појавува секаде во официјалниот костум на Јувентус, а познато е дека тој најчесто е во тренерки за време на мечевите.
„Не би го носел костумот на Јувентус на терен. Надвор од теренот, кога ќе го претставувам Јувентус, тогаш сум обврзан да го носам, Тоа го пишува и во мојот договор. Но на теренот не би го носел тој костум. Допрва ќе разговараме на таа тема. Тоа што е важно за моите години е да не излезам гол на натпревар“, вели Сари, кој во костум не бил ниту како предводник на Емполи, Наполи и Челзи.
Останува во следниот период да видиме дали челниците на Јувентус ќе отстапат од правилото за тренерот да мора да биде во костум.