Реал Мадрид ја мина својата прва пречка во Купот на Шпанија откако вечерва на гости победи со 1-0 на гостувањето кај четвртолигашот Касерењо.
Голот го даде Родриго по феноменална соло акција. Некогашниот играч на Сантос погодокот го прослави во стилот на најголемиот во историјата на Сантос, Пеле, кој денеска беше погребан.
Погодокот падна во 69-тата минута, само една минута откако теренот го напушти Еден Азар, па многумина се пошегуваа дека Белгиецот веројатно бил малерот на Кралскиот клуб што се мачеше на нерамниот терен да го најде патот до мрежата.
Да го видеше голот, и Пеле би бил горд на Родриго. Погледнете:
El golazo de @RodrygoGoes #CopaDelRey pic.twitter.com/0BkODmz0pB
— RealEspartaβ (@RealEspartaB) January 3, 2023