Излезе од затвор и веднаш потпиша за тим кој игра во ЛШ

Александар Кокорин изминативе три и пол месеци ги помина во затвор. Кокорин заедно со Павел Мамајев беа осудени на една и пол година затвор, поради нападот на руски министер во октомври 2018 година. Двајцата напаѓачи во мај завршија во затвор, но по малку повеќе од три месеци, побараа и дбија помилување, односно затворската казна им е заменета со условна казна.

Само што излезе од затвор, Кокорин замина да потпише договор со Зенит. Кокорин денеска ги помина лекарските прегледи и потпиша договор до крајот на сезоната. Тој беше член на Зенит од 2016 до 2018 година, а претходно има играно и за Динамо Москва и Анжи Макачкала.

 

- Оглас -

Најнови вести