37.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

Само што ја стави Куба на англиската мапа бизарно се повреди на домашен терен

Онел Ернандес имаше причина за радост минатиот викенд, кога со настап за Норич против Ливерпул стана првиот фудбалер со кубанско потекло што играл во Премиерлигата.

Но, радоста траеше кусо, бидејќи левото крило на Норич се повреди и ќе отсуствува во следните три месеци. Проблем за Ернандес е што не се повреди на дуелот со Ливерпул на „Енфилд Роуд“ каде како резерва настапи од 70. минута, туку на бизарен начин додека бил дома.

Изјави за англиските медиуми дека се лизнал на подот и го истегнал лигаментот на коленото, па ќе мора да мине период на рехабилитација од најмалку три месеци.

Тоа значи дека ако се биде в ред Еранндес би се вратил на терен во финишот на октомври, а ќе пропушти десетѕина мечеви во Премиерлигата.

 

- Оглас -

Најнови вести