Само што влегоа во Прва лига веднаш сакаат да купат македонски репрезентативец

Алмерија е уште еден клуб на долгата листа заинтересирани за ангажман на Енис Барди.

Новиот шпански прволигаш веднаш по промоцијата објави дека цел им е да го купат „мозокот“ на македонската репрезентација, по испаѓањето на Леванте во Втората лига.

Барди се уште не се изјаснил дали ќе игра за клубот од Валенсија во популарната Сегунда, а за него има голем интерес.

Валенсија е заинтересирана, и Лион најави дека сака да ги купи Барди, претходно имаше најави дека и Милан, Торино, Фиорентина, Реал Сосиедад… сакаат да го видат Енис во своите редови, па ќе биде интересно ова лето за еден од најдобрите наши фудбалери.

Барди сега мисли само на јунската испитна сесија од четири меча во Лигата на Нации, а премиерата во новото издание со соиграчите ќе ја има на 2. јуни во Разград против Бугарија.

Потоа ќе играме со Гибралтар на гости на 5. јуни, па со Грузија во Скопје на 9. јуни и повторно со Гибралтар, овојпат дома на 12. јуни.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести