Денешните детални лекарски прегледи покажаа дека Анхел ди Марија има мала повреда на адукторот (мускул во внатрешниот дел на бутот), а од Јувентус објавија дека за десет дена Аргентинецот повторно ќе биде прегледан.
Ова значи дека новото засилувањето на Јуве, кое синоќа на отворањето на сезоната против Сасуоло имаше гол и асистенција, ќе паузира околу две недели.
Ди Марија сигурно нема да игра против Сампдорија в понеделник, а мали се шансите да настапи на дербито против Рома на 27 август во Торино.