Само Симонс и дуото на Пистонс беа полоши викендов од Бостон и Далас (Видео)

Бостонс селтикс се посрамоти со пораз од 30 поени разлика против Њујорк никс, вечерва во „ТД Гарден“, слично мина и фаворитот Далас маверикс на мечот со Чикаго булс, со пораз од 16 поени разлика, 101:117, но ништо викендов не може да се спореди со трагикомичните утки на играчите на Детроит пистонс и на Бен Симонс од Филаделфија 76.

Симонс, кој е Ол-стар ѕвезда на 76-те е лош шутер, но утката за три поени, кога топката воопшто и не стаса до обрачот е хит на социјалните мрежи.

https://twitter.com/TheHoopCentral/status/1350643022879363073?s=20

Еднакво трагикомични се и двата удари на играчите на Детроит пистонс на дуелот со Мајами. Дерик Роуз ја пресече таблата со удар од аголот, а Грент се обиде да го поправи, па топката без да го допре обрачот отиде во бунар.

За среќа на двајцата кошаркари, Пистонс славеа убедлива победа од 120:100 на гостувањето кај Мајами.

- Оглас -

Најнови вести