Само со Спортска прогноза – Играј бесплатно, погоди тринаесетка и поднови се со „ајфон 11“

Првото коло од третата сезона на Спортска прогноза е во тек и можете да се приклучите со свои прогнози до сабота до 16 часот во трката за убави награди.

Новитет е главната премија за секое коло во кое Sport Life и Спорт Манија доделуваат „ајфон 11“ за прогнозерите што ќе имаат максимален број погодоци на популарната тринаесетка.

Учеството во играта е бесплатно за сите членови на ексклузивниот Sport Life Клуб, како и за сите новорегистрирани корисници кои имаат активна сметка за online обложување на Sport Life.

Стандардно во секое коло ќе има и ваучери од 1.000 денари за еден промашен натпревар и од 500 денари за две утки. Продолжуваме и со наградување на најдобрите во Генерален пласман, па затоа е важно редовно да се прогнозира секое коло и да се погодуваат што повеќе натпревари, вклучувајќи ги и двата резервни пара во секоја рунда.

Шампионот и оваа сезона ќе добие ТВ Смарт од 48 инчи, а ќе има уште многу награди за учесниците во играта што привлече многу внимание, а е исклучително едноставна за играње и нема да ве чини ништо.

За старт на првото коло во третата сезона на Спортска прогноза ќе има три меча за прогнозирање во сабота од 16 часот. Кристал палас ќе му биде домаќин на Саутхемптон, Вест хем го чека Њукасл на свој терен во двата меча од стартното коло во англиската Премиер лига што се на менито на Спортската прогноза.

Во истиот термин, во шпанската Ла Лига Еибар ќе игра со Селта. Токму 16 часот во сабота ќе биде последна можност за прогнозирање на 13+2 пара од премиерното коло на нашата бесплатна игра што ја организираме за вас.

Во сабота ќе имате уште една задача за добар старт на новата сезона, а на менито на основната програма од 13 парови е и дуелот меѓу Монпелје и Ница, закажан за 17 часот.

Во фокусот од вкупно 7 меча што ќе се играат во недела се дуелите меѓу Тотенхем и осетно засилениот Евертон, потоа и дербито во Турција меѓу Трабзонспор и Бешикташ, локалната пресметка во Шпанија меѓу Валенсија и Леванте и големото француско дерби меѓу ПСЖ и Марсеј.

Првото коло од новата сезона на Спортска прогноза ќе заврши со дуелите меѓу Шефилд јунајтед и Вулверхемптон и Алавес и Бетис што ќе се играат во понеделник од 21 часот.

За детални и секојдневни информации читајте Спорт Манија, а за полесно да се вклучите во игра во новата сезона на Спортска прогноза посетете ја страницата на Sport Life.

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести