Штотуку се одигра големото финале на Лигата на шампионите, во кое Манчестер сити го освои првиот трофеј од ова натпреварување, веќе започнаа подготовките за следната сезона.
Денес во седиштето на УЕФА во Нион се оджа ждрепката за претквалификациите за Лигата на шампионите. Четири шампиони на најслабите првенства во Европа влегоа во барабанот и на турнир во исландскиот град Копавагур ќе се борат за пласман во квалификациите.
Двојките за претквалификациското коло се:
Атлетик клуб Ескалдес (Андора) – Будуќност Подгорица (Црна Гора)
Тре Пене (Сан Марино) – Брејдаблик (Исланд)
Победниците од двата натпревари ќе играат во финалето на турнирот, а само најдобрата екипа ќе се пласира во квалификациите за Лигата на шампионите.
Полуфиналните натпревари ќе се одиграат на 27 јуни, додека финалето е само три дена подоцна.