2.8 C
Skopje
четврток, 13 ноември 2025

Само три клуба може да го купат Мбапе и сите три се од Европа

Килијан Мбапе не сака да го продолжи договорот со Пари Сен Жермен кој му истекува во јуни 2024 година. Поради тоа, катарските газди на ПСЖ не сакаат да го загубат безпари и сигурно ќе го продадат и тоа најверојатно во овој летен преоден рок.

Според францускиот фудбалски менаџер Бруно Сатин, само три клуба имаат можност и шанса да го добијат Мбапе во своите редови.

„По мое мислење, само Манчестер сити, Њукасл и Реал Мадрид може да си дозволат да го доведат Мбапе во своите редови. Неговата реална цела е меѓу 100 и 150 милиони евра, а со бонусите таа може да достигне и 200 милиони евра. Мислам дека цената нема да биде над тоа“, анализира Сатин.

Сити во нападот го има Ерлинг Халанд, Њукасл има неограничен буџет, но сепак не е толку атрактивна дестинација, што значи дека останува Реал Мадрид да биде главна можна следна опција за Мбапе.

„Според мене, Реал Мадрид е единствената вистинска опција за Мбапе. Англиските клубови имаат пари да го купат, но сепак немаат моќ да му даваат плата каква што заработува во Париз“, додава Сатин.

Според последните проценки на Трансфермаркт, цената на Мбапе се проценува на 180 милиони евра. Мбапе досега во кариерата одигра вкупно 325 натпревари во кои има биланс од 244 голови и 116 асистенции.

- Оглас -

Најнови вести