Изминатиов викенд беше турбулентен во Ливерпул. Тренерот Јирген Клоп објави дека по завршување на сезоната, ќе си замине од „Енфилд роуд“. Цели девет години германскиот стратег е на чело на англискиот гигант, но веќе е јасно дека летово тоа ќе се смени.
Клоп најави дека нема шанси да биде тренер во ниту еден друг англиски клуб, но секако тој сигурно ќе продолжи да работи на некое друго место. Според најавите, само три клуба се опција за Клоп каде би можело да дојде и тоа се докажани европски гиганти.
Барселона е прв фаворит за нов клуб на Клоп затоа што во саботата и Чави Ернандес најави дека си заминува од клупата, па каталонскиот гигант ќе мора да бара нов тренер. Освен Барселона, опција за Клоп е и Баерн Минхен, кој доколку има лоша сезона, сигурно ќе бара нов стратег. Реал Мадрид е трета опција како клуб кој би му дал работа на Клоп, но Карло Анчелоти неодамна го продолжи договорот, што значи дека Кралскиот клуб е најмалку веројатна опција.
Клоп во тренерската кариера освен во Ливерпул, бил тренер само уште на два клуба, и тоа Борусија Дортмунд и Мајнц.