Само три клуба се во опција за Зидан, на други не ни помислува!

Зинедин Зидан, кој две години е без работа како тренер, има желба да се врати на клупа, но тој не сака да преземе каков било клуб, всушност во опција му биле само три варијанти.

Зидан се надеваше дека ќе го наследи Дидие Дешан како француски селектор, но тоа нема да се случи, барем не засега. Зидан ги одбил Бразил и Португалија, како селектор би работел само во својата Франција.

Што се однесува до клубовите во коишто би работел, Зидан предвид ги зема само Реал Мадрид, Јувентус и Марсеј. Во Реал веќе работеше како тренер и освои три титули по ред во Лигата на шампионите, што е рекорд. Зидан е роден во Марсеј и го сака клубот од родниот град и затоа не прифаќа понуди од ривалот ПСЖ, а дресот на Јуве го носеше од 1996 до 2001 година.
- Оглас -

Најнови вести