Играта „гол-гол и во двете полувремиња да има ист број голови“ му донесе среќа и голема добивка на еден обложувач од Велес.
Овој велешанец синоќа во Sport Life уплатил 150 денари на три меча кои се играа во Средна и Јужна Америка и има бруто-добивка од над 100.000 денари бидејќи точно ги прогнозираше исходите на овие дуели кои завршија по полноќ.
Најмалата од трите квоти на тикетот му е 7.75, што сама по себе е огромна, а испадна дека на овој меч имал најголема мака и тука била најголемата опасност да погреши и тикетот да биде недобитен.
Овој меч во Салвадор заврши 1-3, во двете полувремиња имаше по два гола, но вториот гол во вториот дел падна во 69-тата минута, па повеќе од 20 минути постоела неизвесност и опасност да падне и трети, со што не би имал ваква феноменална добивка.
Другите два меча се играа во Бразил и завршија 1-1, со по еден гол во двете полувремиња.


