15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Само три земји имаат повеќе победи од Македонија летово во фудбалските еврокупови

Македонските претставници во фудбалските европски купови, имаа(т) релативно успешно лето, билансот е 6 победи и 4 порази (тука и две ремија).

Шкендија засега има три победи, Вардар имаше две победи, а Силекс една.

Ова ја сместува Македонија при врвот на земји со најмногу европски победи. Повеќе триумфи летово имале само клубовите од Полска (9), Шведска (9) и Кипар (7). Покрај Македонија, по шест победи имале претставниците и на Албанија, Белорусија, Исланд и Украина.

Четирите порази (два на Работнички и по еден на Вардар и Силекс), ја сместија Македонија во средината на табелата на земји со најмногу порази. Најуспешни се Полска, Данска и Австрија кои се без пораз, а најмногу порази, по 8, имале тимовите од Молдавија, Грузија, Црна Гора и Луксембург.

- Оглас -

Најнови вести