Во вечерашните натпревари од квалификациите за пласман во Лигата на конференции настапија четворица македонски интернационалци и единствено Иван Тричковски се радуваше на победа.
Неговиот тим АЕК Ларнака како гостин славеше со 3:2 против белорускиот Жодино. Поради војната во Украина, натпреварот се играше во Унгарија, а Тричковски ги одигра последните 15 минути од мечот. Тогаш веќе сè беше решено, неговиот тим поведе со 3:0 уште во првото полувреме, а Жодино со два гола во вториот дел го ублажи поразот.
Филип Најдовски го одигра целиот меч за Тирана, кој загуби со 3:1 на гостувањето кај Бешикташ.
Андреј Стојчевски го одигра целиот меч за Жилина, која доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Гент со 5:1. Залегерсег загуби со 1:0 на гостувањето кај Осијек, но Даниел Миловановиќ не доби шанса да заигра.