Само триста луѓе ги пречекаа Хрватите

Хрватската фудбалска репрезентација се врати дома завршувањето на Европското првенство во Германија. Турнирот за нив траеше три натпревари во групната фаза, каде тимот на Златко Далиќ заврши на третото место во групата Б.

Со само два освоени бода од натпреварите против Шпанија (0-3), Албанија (2-2) и Италија (1-1), не успеа да се пласира меѓу четирите најдобри третопласирани репрезентации и да го продолжи настапот на турнирот.

Селекторот Златко Далиќ и играчите се вратија попладнево во Хрватска, а ги пречекаа само околу триста луѓе. Тоа е порака дека потфрлија резултатски на ЕВРО 2024.

Во Германија останаа Јосип Станишиќ, Марин Понграчиќ и Лука Сучиќ, кои наместо за Загреб, заминаа на пат кон Минхен.

- Оглас -

Најнови вести