Заврши 16-тото издание на Европското првенство, Италија по вторпат во својата историја ја освои титулата. Овој континентален турнир, без сомнение, беше највозбудливиот и најефикасниот досега, а на изненадување или не, Џанлуиџи Донарума беше прогласен за најдобар играч на првенството.
УЕФА денес ги одбра најдобрите 11-мина фудбалери, а во дрим-тимот има само тројца членови од новиот европски првак, тоа се Донарума, Кјелини и Кјеза.
Во формација 4-2-3-1, во одбраната уште се англиското дуо Шоу и Мегваер, а десен бек е Меле од Данска. Во средниот ред се Џака од Швајцарија и Погба од Франција. Зад Роналдо, како најистурен, место во најдобрите 11-мина има за Долберг од Данска и Стерлинг од Англија.