Крајот на седмата сезона од најпопуларната бесплатна игра во Македонија, Спортската прогноза на Sport Life, е многу блиску. Типувањето за последното коло од оваа сезона е до 15:30 часот, а тоа значи дека треба да побрзате и да ги пополните вашите типови, секако доколку тоа не сте го сториле до сега.
13-те натпревари се последна шанса за оваа сезона за одлични подароци, а веќе викендов ќе ги дознаеме и најуспешните во оваа седма сезона на Спортската прогноза.
Нотингем форест е единствениот гостин од кого се очекува победа викендов, а мечот на Валенсија и Атлетик Билбао се очекува да заврши нерешено. На останатите 11 натпревари играчите на Спортската прогноза очекуваат домашни победи.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари, ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени меча следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.