Тоа што се случува во тенисот и ракометот, за брзо време ќе биде пракса и во фудбалот. На Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн не му беше дозволено ниту на најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ да настапи затоа што не е вакциниран против корона-вирусот, додека на неодамна завршеното ракометно европско првенство можеа да играат само играчи кои имаа примено две вакцини против опасниот вирус.
Од Европската куќа на фудбалот (УЕФА) почнале да испраќаат најави до клубовите дека во нивните клупски натпреварувања ќе може да играат само вакцинирани фудбалери.
Се очекува само уште во бараж-дуелите од Конференциската лига и Лигата на Европа да биде дозволено настап со ПСР тестови или посебни лекарски дозволи, но потоа тие ќе бидат невалидни и во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига ќе може да играат само вакцинирани играчи.
„Добивме насока од УЕФА дека ПСР тестовите и медицинските белешки ќе важат само уште за двата бараж-меча од втората фаза и потоа оние фудбалери кои нема да бидат вакцинирани, нема да може да играат во нивните натпреварувања“, откри генералниот директор на Партизан, Милош Вазура.
Партизан ќе игра против Спарта Прага во нокаут-фазата од Конференциската лига на УЕФА.