21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Само Вардар даде гол и победи од сите четири македонски екипи во Европа

Вардар ќе го помине првото коло од квалификациите во Конференциската лига на УЕФА со 99,9 отсто сигурност, покажа компјутерската пресметка. Тоа е и очекувано затоа што Црвено-црните победија со 3:0 против Ла Фиорита.

Вардар е единствениот македонски тим кој не само што победи во првите средби од европските пресметки, туку и единствен што постигна гол. Факт е и тоа дека Вардар единствен играше на домашен терен, додека трите останати македонски тима гостуваа.

Шкендија ремизира без голови кај ТНС, додека Работнички и Силекс загубија. Работнички прими три гола од белорускиот Торпедо-Бегаз од Жодино, додека Силекс со пораз од 2:0 си замина од Црна Гора, каде што гостуваше на Дечиќ.

Вардар ја оправда фаворитската улога во Скопје против гостинот од Сан Марино, но дека и тоа не е лесно, се покажа синоќа, во дел од останатите европски пресметки.

Тимот на Борац Бања Лука беше најголем фаворит за победа од сите европски преметки (квота од 1.10), но на крајот загуби дома од противникот од Андора, екипата на Санта Колома, и тоа убедливо со 4:1. Тоа е само доказ дека во Европа веќе нема лесни екипи и едноставно на терен мора да се одработи и да се одигра на ниво за да се стигне до посакуваниот резултат.

- Оглас -

Најнови вести