Во Аргентина фудбалот е повеќе од обична игра, а тоа ни го покажаа во безброј случаи.
Екипата на Белграно играше на гости против Браун и победи со 3:2 иако во два наврати губеше. Со тоа успеа да влезе во најсилната лига на Аргентина, а огромна помош дојде од трибините.
Дури 22 илјади навивачи беа на трибините на „Естадио Унико Сан Николас“ во веројатно најтешката втора лига во светот. Тоа го велиме бидејќи само првопласираната екипа обезбедува директен влез во елитата на Аргентина.
Од второто до 13-тото место ќе играат разигрување, значи Институто, којшто во моментов е второпласиран со 65 бода, односно осум помалку од првакот на две кола до крајот, може да не влезе во најсилната аргентинска лига.
Додека Сан Мартин, кој е 13-ти и има 48 бода, исто така има шанси за да влезе во „елитата“.
Погледнете како изгледаше целиот овој спектакл во режија на гостинските навивачи.