Само во Русија: Помошник тренерот го удри главниот стратег (Видео)

Неверојатен инцидент се случи на еден кошаркарски меч во Русија. Олег Тен кој е помошник тренер на Универзитет Југре, го удри главниот тренер на тимот, Артем Олков.

Немилата сцена се случи во финишот кога при резултат 78:78, нивниот тим успеа да го одбрани нападот на 38 секунди до крајот. Тогаш почна расправија меѓу двајцата тренери, а помошникот два пати го удри главниот тренер.

Веднаш реагираа играчите кои ги смирија двајцата тренери. Судиите го исклучија Тен, а дадоа две слободни фрлања на противничкиот тим. На крајот, Универзитет Југре загуби со 85:81.

https://twitter.com/i/status/1494724978205462538

- Оглас -

Најнови вести