19.8 C
Skopje
вторник, 21 октомври 2025

Само во Sport Life: До милионска добивка со гол во 95-тата минута (Фото)

Понекогаш и со четири натпревари и уплата само од 50 денари се станува милионер, а каде на друго место, ако не во Sport Life. Сепак, на натпреварите се случуваше таква драма, што понекогаш е потребно и спортска среќа за ваков тикет да излезе добитен. Токму ова беше добитна комбинација на играч од скопски Бутел кој одигра само четири меча на тикетот и уплати 50 денари, а си доби нето-добивка од 1.000.000 денари, односно бруто-износ од 850.006 денари.

На тикетот се одиграни натпревари со квоти помеѓу 9,50 и 16,70, а на два меча е погоден точен резултат од 2:1. Уеска во 95-тата минута постигна гол за победа од 2:1 над Еибар, додека Фарул во 87-мата минута дојде до идентична победа над Петролул.

Отелул имаше водство од 0:1 на полувремето, а Чикшереда израмни во 49-тата минута на 1:1 и мечот така заврши, па и типот „полувреме-крај“ 2-Х беше добитен.

На крајот се чекаше уште еден натпревар одигран на „полувреме-крај“, но овојпат со типот 1-Х. Леганес имаше водство од 2:0 на полувремето против Депортиво ла Коруња, а гостите со голови во 72-рата и 87-мата минута израмнија на 2:2, а тоа беше знак да започне славењето кај играчот од Бутел.

- Оглас -

Најнови вести