Денеска од 16 часот се играат преостанатите натпревари од 29. коло во Првата македонска фудбалска лига и сите од 24. коло во двете Втори лиги.
Дербито ќе се игра во Тетово меѓу шампионот Шкендија и Македонија Ѓорче Петров. Двете екипи имаат по 53 бода и бијат битка за позициите два и три што водат во квалификациите за Европа Лигата.
Шкупи и е домаќин на Ренова и со победа ќе ја потврди титулата, која веќе сигурно се сели во витрините на клубот од Чаир.
Струга му е домаќин на отпишаниот Пелистер и е голем фаворит за победа, а во дербито на долниот дел од табелата во Кавадарци ќе играат Тиквеш и Борец.
Сите четири натпревари можат да се играат во вкупно над 500 различни варијанти на игри во Sport Life, а може да се комбинираат со два меча од Втората лига.
Вардар е домаќин и фаворит против Беса, а Кораб очекува бодови на гости против Кадино.