Само во Тајланд: Чаби Алонсо ве моли да му дадете 8 евра за авионски билет (Фото)

Тајландската полиција издаде предупредување за своите државјани во оваа земја да не наседнуваат на објавите на социјалните мрежи во кои се бараат пари во име на тренерот Чаби Алонсо за да купи авионски билет за Ливерпул.

Измамниците во Тајланд од лажен профил на Чаби Алонсо на „Инстаграм“ бараат донации од 300 бахти (7,85 евра) за помош при плаќање на авионски билет за Ливерпул.

https://twitter.com/Football__Tweet/status/1752597990462619971?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1752597990462619971%7Ctwgr%5E9bc0386d71464f19da36b490949772a808044e47%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.nogomania.rs%2FVest%2FOnlajn-prevara-na-Tajlandu-Buduci-trener-Liverpula-Cabi-Alonso-vas-moli-za-da-mu-date-7-85-evra-za-avionsku-kartu

 

„Јас сум Чаби Алонсо и ќе бидам тренер на Ливерпул следната сезона, но ми недостасуваат пари за лет до Ливерпул“, пишува во пораката која е напишана на тајландски јазик.

Чаби Алонсо моментно е тренер на лидерот во Бундеслигата, Баер Леверкузен, и е еден од главните фаворити од следната сезона да го наслед Јирген Клоп на клупата на Ливерпул.

- Оглас -

Најнови вести