Само втор пат во историјата, табелата во Бундеслигата има ваков изглед!

Екипата на Фрајбург игра одлично на стартот од новата сезона во Бундеслигата, а тоа го потврди со победа на гости во Леверкузен кај Баер. Фармацевтите водеа со 1:0 на полувреме, но гостите во вториот дел дадоа три гола во низа и во 72 минута водеа со 3:1.

Баер намали на 2:3, но домаќините не се спасија од пораз. За Фрајбург ова е четврта победа во петото коло и со 12 бодови се искачи на првото место на табелата. За лидерската позиција на Фрајбург заслуга има и киксот на шампионот Баерн Минхен кој одигра само 1:1 кај Унион во Берлин.

По пет кола, Фрајбург е лидер со 12 бодови, колку што има и Борусија Дортмунд, но Милионерите имаат послаба гол разлика, додека трет е Баерн со 11 бодови. Ова е само втор пат во историјата на Бундеслигата, Фрајбург да „преспие“ едно коло како лидер на табелата, повторувајќи го успехот од сезоната 2000/01, кога беа лидери по првото коло.

- Оглас -

Најнови вести