Скромна е понудата со НБА-натпревари за ноќеска, ги има само три, а заедно со 18 понудени кошаркари за играта со плус или минус поени е изборот од кој може да комбинираат сите што сакаат да одиграат полноќни дуели од најсилната баскет лига на светот.
Милвоки бакс се фаворити против Вашингтон визардс и квотата за единица е 1.39, идентично на коефициентот за двојка на дуелот меѓу Оклахома сити тандер и Бостон селтикс.
Тие два меча почнуваат во два часот по полноќ, а еден час подоцна би требало да биде многу понеизвесно на последниот меч меѓу Јута џез и Сакраменто кингс.
За сите три натпревари во понудата на Sport Life има точно по 161 различна игра, што е одличен избор за обложувачите.
Како убаво дополнување е понудата од вкупно 18 кошаркари на кои може да се игра со плус или минус поени, а има врвни кошгетери.
Меѓу нив се Јанис Адетокумбо со граница од 34,5 поени, потоа Шеј Гилџиус-Александер со граница од 29,5 поени, извонредното дуо на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум и Џејлен Браун, Маракенен и Кларксон од Јута џез, Фокс и Сабонис од Сакраменто кингс и уште неколку кошаркари што можете да ги одиграте на тикет по ваш избор.