Летната пауза заврши. Од денеска стартуваат возбудувањата во дел од најсилните фудбалски првенства во Европа. Дури три од четирите најсилни лиги во Европа стартуваат вечерва.
Актуелниот англиски и европски првак Манчестер сити ја има честа да ја отвори новата сезона во англиската Премиер лига. Граѓаните гостуваат кај Барнли и тимот предводен од Пеп Гвардиола е голем фаворит за победата. Освен за триумф на овој меч, Манчестер сити е фаворит и за освојување на титулата на крајот од сезоната.
Во Шпанија вечерва ќе се играат два меча, а новиот шампионат на Франција ќе го отворат Ница и Лил. Вечерва ќе играат и Трабзонспор – Анталија во Турција, како и Брага – Фамаликао во Португалија. Од утре започнувааат возбудувањата во холандското првенство, а за следниот викенд е закажан стартот во италијанската Серија А и германската Бундеслига.
Традиционално во Sport Life има одлична понуда за оние кои обожаваа да играат долготрајни тикети, односно да се обложуваат на тоа кои екипи ќе бидат прваци во своите земји. Покрај понудата за најсилните осум лиги во Европа, овојпат има и понуда за шампион на првенството во Саудиска Арабија, па ова е момент кога може да се направи интересен тикет со прогнозирање на шампионите. Понудата е одлична.