„Самоубиство“ на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“: Мегваер и Маласија си дадоа автоголови! (Видео)

Манчестер јунајтед направи од готово-вересија, откако одигра 2:2 на „Олд Трафорд“ против Севилја, во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на Европа. Англискиот тим доминираше на теренот и по само 20-тина минути игра имаше предност од два гола, благодарение на погодоците на Сабицер.

Манчестер јунајтед продолжи да доминира, но домаќините не успеаа да постигнат трет гол. Севилја делуваше инфериорна, но целата ситуација се смени само за неколку моменти. Во 84 минута, Маласија кој неколку минути претходно промаши шанса за 3:0, очајно реагираше пред својот гол и си погтигна автогол за 1:2.

Веднаш по тој погодок, се погоди Лисандро Мартинез, кој мораше да го напушти теренот, а бидејќи ерик тен Хаг ги имаше направено сите измени за Манчестер, домаќинтие во последните минути мораше да играат со фудбалер помалку.

Севилја нападна и тоа го искористи да израмни на 2:2. Во 92 минута, капитенот Хари Мегваер си постигна смешен автогол и на крајот Севилја успеа да остане непоразена на „Олд Трафорд“.

Во останатите денешни дуели, Јувентус со 1:0 го победи Спортинг Лисабон, Баер Леверкузен дома ремизираше 1:1 против Ројал Унион, а Феенорд со 1:0 ја победи Рома.

- Оглас -

Најнови вести