2.8 C
Skopje
сабота, 28 февруари 2026

Сампаоли пак е без работа, но отпуштањата во кариерата му донесоа 21 милион долари

Аргентинскиот фудбалски стручњак Хорхе Сампаоли повторно е без работа откако беше отпуштен од Атлетико Минеиро по третото коло од бразилското првенство.

Ова се случи само пет месеци откако тој се врати да го води тимот од Бело Хоризонте, но една друга работа е интересна за него.

Во последните 10 години, отпуштањата на Сампаоли му донесоа дури 21,3 милиони долари.

Тој има само еден трофеј, титулата во државното првенство на сојузната држава Минас Жераис која ја освои за време на неговиот прв мандат со Атлетико Минеиро во 2020 година. Со Севиља беше четврти во Шпанија што и не е лошо, со Сантос и Марсеј беше втор, но ниту еден од проектите не беше завршен – сите завршија со предвремено разделување. 

Најбогато ја наплати разделбата со Севилја, поради добиениот отказ доби отштета од 9 милиони, додека од Рен зеде 6 милиони.

- Оглас -

Најнови вести