Сампдорија докажа дека е помалку слаб од двата тима од Џенова

Сампдорија го доби градското дерби против Џемова со 1-0, и покажа дека во моментов е помалку слаб од двата скромни прволигаш од тој град.

Голот го даде Абделхамид Сабири кој е прв Германец што дал гол на џеновјанското дерби.

Во Дербито дела Лантерна, како што го нарекуваат дербито на Џенова, Сампдорија дојде до 31-ва победа во 79-тиот лигашки дуел. Од последните 13 меѓусебни дуели, Џенова победила само еднаш.

После поразот, Џенова остана во опасната зона, а Сампдорија освои три клучни бода во битката за опстанок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести