Дејан Станковиќ е нов тренер на Сампдорија и ќе се обиде да го спаси калчолигашот од Џенова од испаѓање.
Српскиот ас неодамна го напушти кормилото на Црвена ѕвезда и не чекаше премногу за да најде нов клуб.
Со Сампдорија потпиша договор што важи до јуни идната година, а ако има успех и го спаси клубот од испаѓање, речиси сигурно ќе остане уште една сезона.
Сампдорија е една од двете екипи со Кремонезе во Калчото што нема победа во првите 8 кола и е на последното место со два бода.
Клубот од Џенова веднаш по поразот од Монца минатиот викенд го смени тренерот Марко Џампаоло и сега го одбра Станковиќ како негов наследник.
Познатиот фудбалски ас кој играше за Црвена Ѕѕвезда, Лацио и Интер првиот предизвик на клупата на Сампдорија ќе го има веќе в сабота, на гостувањето кај Болоња.