Екипата на Сампдорија која веќе со една нога е испадната во Серија Б успеа да и скине два значајни поени на екипата на Специја во борбата за опстанок.
Домашните дојдоја во водство во 23-тата минута преку Бруно Амион.
Конечните 1-1 беа дело на Даниеле Верде во 59-тата минута.
После 31-то коло на италијанската Серија А, Сампдорија останува на последното место со само 17 поени. Специја е на 17-тата позиција, прва над опасната зона, со само еден поен предност пред Верона.