Сампдорија води со 2-0 во финишот на гостувањето кај Парма и најверојатно ќе го добие овој вечерашен меч од италијанската Серија А, а првиот гол го даде Јапонецот Маја Јошида, кој стана прв азиски фудбалер што постигнал гол во Серија А во дресот на Блучеркатите од Џенова.
По Јошида, кој од 2012 до 2020 беше член на Саутхемптон, во листата на стрелците се запиша и Балде Кеита, па Самп уште во 34-тата минута имаше два гола предност на гостувањето на „Енио Тардини“.
Ова е историскиот гол на Јошида:
https://streamable.com/cboep6