Шкендија ќе се соочи со Самсунспор во нокаут-фазата од Конференциската лига, а само неколку дена пред натпреварот турскиот клуб ангажира нов тренер.
Самсунспор го отпушти германскиот стратег Томас Рајс на 14 февруари поради лошите резултати, а денеска го промовира неговиот наследник Торстен Финк.
Германската легенда Торстен Финк потпиша договор на една и пол година со Самсунспор. Претходно работеше во Генк, Ал-Наср, Австрија Виена, Базел и други клубови, додека како фудбалер го носеше дресот на Баерн Минхен.
Првиот натпревар меѓу Шкендија и Самсунспор ќе се игра в четврток од 21:00 часот, на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

