Противникот на Шкендија во нокаут-фазата од плеј-офот во Конференциската лига, Самсунспор, реши да се раздели со својот тренер, Томас Рајс. Раководството на клубот официјално соопшти на социјалните мрежи дека Рајс повеќе не е тренер на Самсунспор и му се заблагодарува за сè што направил за клубот во изминатата година и половина.
Одлуката доаѓа по два последовни порази на Самсунспор, прво од Трабзонспор дома со 0-3, а потоа синоќа на гостувањето кај Анталијаспор со 3-1.
Тоа значи дека Самсунспор во Скопје ќе пристигне со нов тренер, а првиот натпревар се игра во четврток на Националната Арена „Тодор Проески“ со почеток од 21:00 часот.

