31.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Самуел Ето беше голем фудбалер, но е очаен претседател на Фудбалската федерација на Камерун

Самуел Етo веќе неколку години е претседател на Фудбалската федерација на Камерун, но неговиот мандат досега донесе повеќе проблеми отколку резултати. Често се поврзува со скандали, а сега се појави и нова афера, што може сериозно да ја разниша неговата позиција.

Легендарниот напаѓач е еден од најголемите африкански фудбалери во историјата. Со Барселона освои три титули во Ла Лига и две во Лигата на шампионите, а потоа уште една титула во ЛШ со Интер. Со репрезентацијата на Камерун двапати го крена трофејот на Африканскиот куп на нациите и е вистинска икона во својата земја.

Но, како функционер ситуацијата е поинаква. Според „Мундо депортиво“, ФИФА преку својот Етички комитет во Цирих побарала привремена суспензија на Етo поради финансиски неправилности.


Африканската фудбалска конфедерација, исто така, доставила сличнo барање.

Против него се изнесени сериозни обвиненија: даночно затајување во Шпанија, корупција и местење натпревари, наводна злоупотреба на 1,5 милион долари од пријателски натпревари (Камерун – Мексико, Камерун – Русија, Камерун – Јужна Кореја), суспензија на член од Извршниот одбор за да се замолчи опозицијата, изборни манипулации.

„Ова не е напад врз Самуел Ето како играч, неговата кариера останува недопирлива. Станува збор за спасување на камерунскиот фудбал и неговиот интегритет“, изјавиле извори блиски до истрагата за „Мундо депортиво“.

Адвокатот Емануел Нсахлаи истакна: „Мојата должност, како адвокат и како Камерунец, е да се борам за Федерација која им служи на народот, на играчите и на иднината на спортот.“

Со сите овие обвиненија, иднината на Самуел Ето во фудбалот е под сериозен знак прашалник.

- Оглас -

Најнови вести