Самуел Ето предизвика скандал во Катар: Порано даваше голови, а сега тепа луѓе по паркинзи (Видео)

Поранешниот голгетер на Барселона и на Интер, а сега претседател на Фудбалската федерација на Камерун, Самуел Ето, и покрај елиминацијата на својата репрезентација, остана да ги следи натпреварите на Светското првенство во Катар и предизвика скандал.

Имено, по осминафиналниот натпревар Бразил и Јужна Кореја, додека го напушташе стадионот придружуван од обезбедувањето, на легендарниот фудбалер му пријдоа голем број навивачи за да се фотографираат, а едно лице доби удар со колено во главата.

На видеата кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како човек со камера го снима движењето на Ето, а не се знае дали тоа е навивач, новинар или нешто друго.
Исто така, непознато е дали имало некакви провокации, но во еден момент Ето почна да го брка човекот со камера по паркингот.

Обезбедувањето реагирало експресно, му ја одзеде камерата на човекот, а Ето беше задржан на дистанца од него, но поранешниот напаѓач успеа да се ослободи и го удри со колено во главата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести