Самуеле Ричи претставен на „Сан Сиро“

Италијанскиот калчолигаш Милан го официјализира своето прво засилување за летниот преоден рок. Станува збор за играчот од средниот ред, Самуеле Ричи, кој пристигнува од редовите на Торино.

Вредноста на трансферот изнесува 25 милиони евра, а Торино ќе добие дополнителни 10% од следната продажба на фудбалерот. Ричи потпиша договор со Росонерите на четири години, со можност за продолжување на уште една сезона, а ќе заработува 2,2 милиони евра годишно.
Во новиот клуб ќе го носи дресот со број „4“.

23-годишниот фудбалер е производ на академијата на Емполи, а во Торино се пресели во летото 2022 година. Во дресот на Биковите одигра вкупно 113 натпревари, постигна четири погодоци и запиша седум асистенции.


Самуеле Ричи е и италијански репрезентативец, со 10 настапи за сениорската селекција на Италија.

- Оглас -

Најнови вести