Минесота тимбервулфс го доби најдраматичниот меч синоќа во НБА-лигата, со 104-103 победи против Сан Антонио спарс.
Гостите имаа предност од 14 поени разлика на стартот на последната четвртина, имаа и плус 19, но Шумските волци направија голем пресврт. Кошот за победа го даде Ентони Едвардс на 16,8 секунди до крајот. Спарс го имаа последниот напад, имаа три шута во завршните секунди, но не беа прецизни.
Драма имаше и во Торонто, каде што канадскиот тим ја победи Филаделфија со 116-115, и тоа по продолжение, а победничкиот кош на Скоти Барнс беше од слободно фрлање во последната секунда, поточно на 0,8 секунди до крајот.
Оклахома сити, Феникс и Атланта дојдоа до трети победи по ред, Денвер со добра одбрана го најде патот до победата над Милвоки, а на Орландо му се врати Мориц Вагнер и го совладаа Њу Орлеанс, па сега се шести на Истокот.
Погледнете ја завршницата на мечот во Минеаполис:
ANT GO-AHEAD BUCKET. SPURS WILD POSSESSION. 🚨
WOLVES 19-PT COMEBACK TO WIN IT. WOW. 🤯 pic.twitter.com/DkAQEse0uY
— Bleacher Report (@BleacherReport) January 12, 2026

