Сан Антонио постави рекорд на гледаност на еден меч во НБА, па загуби со 31 разлика (Видео)

Натпреварот помеѓу Сан Антонио спарс и Голден Стејт вориорс кој се играше рано утрово, влезе во историја на НБА лигата, благодарение на рекордниот број на публика на еден официјален меч, а присуството на 68.323 гледачи во легендарниот „Аламодом“, како повеќе да ги мотивираше гостите кои победија со 144-113.

Спарс решија да играат во „Аламодом“ затоа што се прославуваше 50-годишнина од постоењето на клубот, а успеаја и да го урнат стариот рекорд на посета на еден НБА меч кој го држеше „Џорџија дом“ во Атланта од март 1998 кога на мечот на Хокс против Чикаго булс на Мајкл Џордан, на трибините имаше 62.046 гледачи.

Инаку, апсолутниот рекорд поврзан со НБА и понатаму го држи ол-стар мечот во Далас во 2010 година, кога на стадионот на НФЛ тимот Далас каубојс се собраа 108.713 гледачи.

- Оглас -

Најнови вести