34.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

Сан Антонио повторно го победи Феникс, ѕверска партија на Вембањама

Сан Антонио спарс по вторпат за три дена славеше победа над Феникс санс во меч од НБА-лигата, овојпат со 132-121, благодарение на дебитантот Виктор Вембањама, кој имаше феноменално издание со 38 поени, 10 скока и по две асистенции и блокади.

Вембањама стана вториот дебитант во Спарс по легендата Дејвид Робинсон, кој на своите први пет меча во НБА постигнал над 100 поени.

Французинот, кој е многу висок и со долги раце, а подвижен и шутира добро како бек, речиси е невозможно да биде запрен и не треба да чуди што ќе има феноменална статистика како за некој што е дебитант во најсилната лига на светот. На Санс не им помогна ни враќањето на Девин Букер во првата петорка.

- Оглас -

Најнови вести