Сан Франциско ќе игра на Супербоул, но нема да го растури Грин беј

Сан Франциско 49 ерс – Грин Беј пекерс (Американски фудбал, НФЛ, 00.40 часот)

Славниот квотербек Арон Роџерс во 2005 година сонуваше да биде прв пик на драфтот изберан од Сан Франциско, но тие го прескокнаа и го избраа Алекс Смит, а Роџерс замина во Грин беј каде има статус на полубог. Сега тој против својот омилен тим може да ги поднесе Пекерс со супербоул. Сан Франциско е фаворит според квотите, има комплетен состав со квалитет на сите позиции, спој на младост и искуство. Сезонава овие тимови играа еднаш меѓусебе и 49-ките славеа со убедливи 37-8, но плејофот е нешто друго, тука никој не смее да потцени тим на Роџерс.

Предлог тип: Х 2 -10.50 (1.63)

 

Чикаго блекхокс – Винипег џетс (Хокеј, НХЛ, 01.00 часот)

Чикаго има серија од четири победи по ред, би требало да дојде и до петтата, што би им била најдолга триумфална серија сезонава. Последните три пресметки на овие два тима во Чикаго завршија нерешено, па се решаваа во продолжение со златен гол. Пред еден месец, Блекхокс на гости во Винипег славеше со 4-1. Патрик Кејн ако даде гол или асистенција, ќе стигне до 1.000 поени во кариерата.

Предлог тип: 1 (2.40)

 

Њујорк ренџерс – Колумбус блу џекетс (Хокеј, НХЛ, 01.00 часот)

Ова е дуел на два тима кои имаат по четири победи на последните пет меча. Ренџерс има две, а Блу Џекетс четири победи по ред. Њујорк дома има пет триумфи едноподруго. Дуелите на овие екипи во Њујорк обично се ефикасни со по пет или повеќе голови, а последните две пресметки завршија нерешено во регуларниот дел. Ренџерс од ноември 2017 чека домашна победа над Колумбус.

Предлог тип: >5.50 (1.70)

 

Денвер нагетс – Индијана пејсерс (Кошарка, НБА, 02.00 часот)

За Пејсерс ова е почеток на серијата од пет гостувања по ред. Пред 18 дена, Денвер ја совлада Индијана, сега тимот од истокот има шанса за реванш. Мајкл Портер е кошаркарот кој на претходниот меч со Пејсерс како резерва даде 25 поени за 23 минути, и оттогаш константно е во форма, дава двоцифрен број на поени и придонесува за победите ја тимот предводен од Никола Јокиќ. Денвер има тројца повредени стартери, а Индијана има четири победи по ред. Пејсерс од ноември 2007 година не победил во „Пепси центарот“.

Предлог тип: 1 (1.85)

 

Сем Квери – Борна Чориќ (Тенис, Австралијан опен, 01.00 часот)

Дуелот на Американецот и Хрватот е еден од понеизвесните мечеви на првиот ден на гренд-слемот Австралијан опен. Чориќ е 28-ми, а Квери 45-ти на АТП листата. Тие се сретнаа пред пет години на Ролан Гарос и победи Чориќ со 3-1 во сетови, но тоа беше одамна и на земјена подлога, а не на тврда на која ќе играат вечерва. Одличниот сервер Квери во 2020 година има по една победа и пораз, додека Хрватот играше многу променливо на АТП купот, но лани стигна до осминафнале на АО.

Предлог тип: >38.50 гемови (1.90)

 

- Оглас -

Најнови вести